Грешки кои ги правиме секое утро

Ова е листата на секојдневните утрински грешки, кои ни го отежнуваат функционирањето во текот на денот. После ова морате да го промените начинот на живот. 

Грешка број 1: Го започнуваш денот „трчајки“

„Скокаш“ од кревет спремен за новиот ден. Проблемот во целата таа енергија е во тоа што тоа е преголем залак за вашите мускули на грбот. Пребрзото движење веднаш по будењето може да резултира со болки во грбот во текот на денот. Причина плус да станувате од кревет бавно: Утрото, по повеќе часовно лежење, крвта се симнува во нозете, па доколку нагло станувате од кревет можно е да почувствувате вртоглавица.

СОВЕТ: Пред да истрчате до бањата на утрински туш, згрчете ги нозете до градниот кош, најпрво едната, па другата и потоа двете заедно. Ова не само што ќе ви ги загрее мускулите, туку и крвта ќе ви проструи низ целото тело.

Грешка број 2: Ги чувате завесите спуштени додека се подготвувате за престојниот ден

Темните завеси или ролетни ја прават вашата соба темна, што е погодно само кога сакате да заспиете. Но позитивното влијание трае само додека се разбудите од спиење. За да го започнете денот позитивно расположени, потребна ви е сончева светлина. Утринската сончева светлина, може да ви помогне да ја регулирате телесната тежина.

СОВЕТ: Колку повеќе светло-толку подобро. Затоа оставете ги завесите отворени во текот на целиот ден.

Грешка број 3: Не појадувате

Сите знаеме дека појадокот е најзначајниот оброк во текот на денот, сепак многу често, поради брзиот начин на живот го прескокнуваме. Да, не секој од нас му се има случено првиот појадок да го има дури по 13 часот....но, таквата навика мора што побрзо да се искорени.

СОВЕТ:  Овошје или шејк може да ни помогнат да го започнеме денот, доколу немаме време за квалитетен утрински оброк.

Грешка број 4: Алармот ви ѕвони, но снуз е секогаш опција пред станување од кревет

Да, сите имаме чувство дека ако го одложиме алармот кога ни ѕвони, дека тие 5 минутки...па наредни 5...или 10 ќе не одморат повеќе од нормално. Не, никако, со оваа навика само го лажеме телото а и себе.

СОВЕТ: Станете откако ќе заѕвони алармот, а не по 10-20 минути. Едноставно, станете...

Грешка број 5: Станувате од спиење и почнувате да вежбате

Најпрепорачливо е првиот оброк во денот да го имате на 30  минути откако ќе се разбудите, со цел да го поттикнете и забрзате метаболизмот. Но тоа нема да го постогнете ако станете и брзате да започнете со утринско трчање.

СОВЕТ: Дури и една банана и чаша вода ќе ви помогнат да го издржите денот и утринското вежбање, со оглед на фактот дека не сте јаделе или пиеле вода најмалку 7 часа.

10.06.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега