Биба Додева откри за што ќе ги потроши парите од „Макфест"

Победничката на годинешниот Макфест, Биба Додева во ексклузивно интервју за Вистина.мк открива детали околу победата на фестивалот и открива за што ќе ги потроши парите.

- Знаете што се прашувам откако станав победник на Макфест 2014? Како никој до сега не ме праша како живеам под кирија 20 години, како издржувам како самохрана мајка да обезбедам егзистенција за себе и својата ќерка студентка?Како веќе со години им помагам на моите, особено на мајка ми да се справи со ракот затоа што сите кои поминуваат низ таа битка знаат како ни е. Еве, ова нека ви е одговорот, како ќе ги потрошам парите од наградата, одговори Биба на прашањето на што ќе ги потроши парите кои ги освои со победата.

10.06.2014 - 16:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега