ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Седум мажи силуваат 19 годишна студентка

Египетската полиција уапси седуммина мажи поради сомение дека силувале 19 годишна студентка за време на инаугурацијата на новиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.
Нападот се случил на плоштадот Тахрир во центарот на Каиро. Студентката е хоспитализирана но нејзината состојба не е позната.

На снимката која почна да кружи по социјалните мрежи може да се види група мажи кои го опколиле девојјчето на кое му е искината облеката. На нејзиното тело може да се забележи и крв и модринки додека полицијата ја спроведува кон возилото за итна помош.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО

 

10.06.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа