Избегната трагедија во Охридското Езеро: Полицијата спаси тројца малолетници на педалинка

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ .

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, акцијата се  спроведувала вчера околу  16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкиот дел од крајбрежјето.

- Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води. Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници, истакна Димоски.
 
Поради големите бранови, трите малолетници биле видно вознемирени и не можеле да го управуваат и контролираат пловилото што претходно го изнајмиле пред хотелот „Дрим“ во Струга.

10.06.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа