Во текот на целото работно време се приморани да носат пелени

Дека во некои делови од светот постојат нехумани правила кои мораат да се почитуваат на работното место покажува и примерот со контролорите на автобусите во Тајланд, кои во текот на своето работно место мораат да носат пелени.  Тие немаат право на застанување за во тоалет, па присилени се цел ден да носат пелени за возрасни.

Анкетата покажа дека 28 отсто од контролорите носат пелени во текот на нивната 16-часовна смена. Многумина поради воздржување од одење во тоалет заработиле болести на уринарниот тракт.

Меѓу нив е и ватчарии Вараја, која прво заболе од уринарна инфекција, а потоа и од рак на матката.

- Лекарот ми рече дека тоа е поради нечистите пелени во кои поминував цели денови и се влегувало во матката, рече Вараја.

Вработените  во јавниот превоз здруежни во синдикати почнаа да се борат за подобри работни услови - во прв ред, да добијат право на пауза за тоалет и пауза за јадење.

10.06.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега