ФОТО: Нема да верувате - еве што се падна во рацете на Царината
Облека и обувки
- 80 машки кратки панталони, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во багажникот на возилото во просторот за резервна гума, позади предните седишта и во патните торби со лични работи на возачот.
- 240 пара обувки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на обувки со потекло од Кина, наменти за фирма увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2.
Останато
- 2.446 разни производи (пур-пена, кабел, силикон, шајбни, завртки, навртки, лента за изолирање, прачки од месинг и фреон), откриени на царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење за фирма увозник од Гевгелија.
- 1.264 разни производи (електрични скари, метални кутии за осигурувачи, електрични чајници, фасонки, алуминиумски лежалки и магнетни картички за врати), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина, наменета за фирма увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Гевгелија.
- 64 кг и 27 м2 текстилен материјал, 78 тоалетни води и 9 ќебиња, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица, при контрола на две товарни возила со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата.
Во првиот случај, во 2 торби, 2 картонски кутии и неколку кеси, сместени на креветите во кабината на возилото, биле пронајдени 64 кг печатен текстилен материјал и 78 тоалетни води од 50 мл, сопственост на македонски државјанин, сопатник во возилото.
Во вториот случај, во кабината и во сандаците за алат и опрема на возилото, управувано до македонски државјанин, биле пронајдени 27 м2 текстилна ткаенина и 9 ќебиња од вештачко крзно.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 37.876 разни производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.
Во првиот случај, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2, биле пронајдени 1.176 пара спортски обувки со лого на заштитена трговска марка, чија пазарна вредност е проценета на околу 590 илјди денари, доколку би се продавале како оригинални.
Во вториот случај, при контрола на разна стока со потекло од Турција, наменета за разни фирми увозници од Република Македонија, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1, биле пронајдени 34.550 пасти за заби и 2.150 четки за заби, со лого на заштитена трговска марка.
Измама
Во текот на минатата недела биле откриени 3 обиди за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока и обид за увоз на гориво за кое според царинската тарифа има забрана за увоз.
На царинската испостава Скопје 4 биле откриени два обиди за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.
- Во првиот случај, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење на стока декларирана во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%, но при детален преглед на стоката било утврдено дека истата треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 15% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни давачки во износ од околу 674 илјади денари.
- Во вториот случај, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење природен јогурт деклариран во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 10% и стапка за ДДВ од 5%, и јогурт од шумско овошје и житарки декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. При контрола на стоката царинските службеници се посомневале во правилното распоредување на производите, поради што биле земени мостри и истите испратени на анализа во царинската лабораторија. Извршените анализи покажале дека производите треба да се распоредат во сосема други тарифни ознаки, со пропишани стапка за царински давачки од 25% и стапка за ДДВ од 5% за двата производи. Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки, биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 19,5 илјади денари.
- Во третиот случај, обид за избегнување плаќање увозни давачки е откриен на царинската испостава Скопје 2, каде увозник од Скопје пријавил за увозно царинење апарати за вклучување и исклучување, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапки за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. При извршениот преглед на стоката било утврдено дека истата треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.
Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 45 илјади денари.