ВИДЕО: Еве што ја изеде големата бела ајкула

Приказната за големата бела ајкула која беше изедена од непознато морско суштество деновиве се рашири низ медиумите. 

Гизмодо открива дека се работи за приказната од документарецот „The Search For The Ocean’s Super Predator“ од 2013 година, во која е опишана потрагата на австралиските научници по големиот ѕвер. 

Тие го означиле здравото морско куче со големина од 3 метри и во него ставиле уред за пратење. По четири месеци го пронајдоа уредот на брегот и откриле дека големата бела ајкула некој ја изел, пишува Гизмодо. 

Кое е тоа животно кое било доволно големо за да ја изеде белата ајкула? По истражувањето, експертите откриле дека идентитетот на мистериозниот убиец, всушност е друга голема бела ајкула, позната под името „колосален канибал“. 

Експертите претпоставуваат дека овој ѕвер е долг пет метри и е тежок околу два тони. Не е познато зошто големата бела ајкула ги убиваат помалите, но се претпоставува дека во прашање била обележувањето на територијата. 

 

09.06.2014 - 14:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега