Доживотен затвор за убиецот на новинарката Ана Политиковскаја

Грузиецот Лом Али Гајтукаев, организаторот на убиството на руската новинарка Ана Политиковскаја, осуден е денеска во Москва на казна доживотен затвор.

Иста казна доби и извршителот на убиството Рустам Махмудов од Чеченија.

Поранешниот полицаец Сергеј Кадјикурбанов, кој бил соучесник при извршувањето на убиството доби 20 години затворска казна, а браќата Имрахим и Гаврил Махмудов 12 и 14 години.

Дмитриј Павличенко, поранешен шеф на московската полиција,  претходно беше осуден на 11 години затвор беше осуден за убиството на Политиковскаја, поради тоа што организирал следење кое му претходело на нападот.

Да потсетиме Политиковскаја беше убиена на 7 октомври 2006 година во Москва, пред зградата во која живеела.

09.06.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега