МВР фати пемина илегалци од Сирија

Maкедонската полиција вчера наутро уловила петмина Сиријци кои нелегално престојувале во земјава.

Според МВР, полицијата ги начекала Сиријците на автопатот кај селото Смоквица. Тие се превезувале со автомобил „Рено Еспасе“ со француски регистрации, кое го управувало засега непознато лице кое успало да избега. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

08.06.2014 - 12:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа