Во Косово утре предвремени парламентарни избори

Во Косово утре ќе се одржат предвремени парламентарни избори, кои првпат ќе бидат спроведени на целата територија, вклучувајќи ги и четирите општини со мнозинско српско население, во северниот дел на земјата.

За нов состав на парламентот ќе гласаат 1.782.454 бирачи, што е за околу 40.000 граѓани повеќе отколку што Косово има жители, според пописот спроведен во 2011 година, објавува Танјуг.

За 120 -те места во парламентот ќе се борат 30 политички субјекти. Меѓу нив има и пет српски.

Политичките партии за да имаат пратеници во парламентот треба да го минат цензусот од пет отсто, додека за коалициите цензусот изнесува седум проценти од бројот на гласачите кои го оствариле своето право.

малцинските заедници имаат 20 загарантирани места, од кои 10 им припаѓаат на Србите, а останатите десет на другите националниз аедници во Косово. 

07.06.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега