Тетово: Безмилосно го избодел сред ресторан

26 годишниот тетовчанец М.С. вчера попладне бил избоден со нож. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот на терасата на ресторанот „Калабрија“ во тетовско Пршовце, откако М.С. се скарал со 24 годишниот Ш.А. од Глоѓи.

Како што информираат од тетовската полиција, М.С. на кој Ш.А. му нанел една убодна рана во градниот кош и три во грбот, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница. По укажаната помош е задржан и се наоѓа вон животна опаснот.

Крвавиот инцидент го забележал сопственикот на „Калабрија“. Тој успеал да го спречи Ш.А., кој го фрлил ножот и избегал. Полицијата пронашла нож и траги од крв, а нешто подоцна Ш.А. бил пронајден и приведен. Во текот на денот Ш.А. треба да биде изведен пред судија. 

07.06.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега