Се враќа името Сталинград?

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста на Волгоград да му биде вратено старото име Сталинград, доколку локалното население го сака тоа.

- Според нашиот закон, тоа е во надлежност на регионот и општината. Во тој случај, жителите за тоа треба да одлучат на референдум. Како граѓаните ќе одлучат, така ќе направиме, рече Путин, кој вчера присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Денот Д во Нормандија.

Сталинградската битка е водена меѓу германскиот Вермахт и советската Црвена армија од јули 1942 до февруари 1943 година, и претставуваше пресвртница во Втората светска војна. По оваа битка, Советите прејдоа во офанзива, која заврши со освојување на Берлин во 1945 година.

Името на градот е сменето во 1961 година. 

07.06.2014 - 11:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега