Нов министер за земјоделие и одбрана - еве го новиот состав на кабинетот на Груевски

Емил Димитриев најверојатно ќе биде еден од двајцата нови министри од коалицијата За подобра Македонија во новиот кабинет на Груевски. Како што дознава Сител од партиски извори актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ  доаѓа на местото на Талат Џафери во Министерството за одбрана каде до сега беше негов заменик, јавува Сител.
Промени, според нашите извори ќе има и во министерството за земјоделие. На местото на Љупчо Димовски кој доби пратенички мандат седнува социјалистот Михаил Цветков кој беше ВД директор на Злетовица.
Во останатите ресори не се очекуваат промени. Речи си сигурни се и фотелјите на клучните министри. Јанкулоска останува во Министерството за внатрешни а Ставрески прв човек во Финансии. Вицепремиерската позиција се очекува да ја задржи и Пешевски.
За местото на Талат Џафери според последните инфорамции, ВМРО-ДПМНЕ ќе го отстапи Труд и Социјала. Таму, според извори од ДУИ се очекува да седне актуелниот директор на ПИОМ, Беким Незири. Во Мала Речица своите места ги осигурале и вицепремиерите Фатмир Бесими и Муса Џафери. 

06.06.2014 - 16:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега