Меркел: Русија треба да ја преземe одговорноста за решавање на украинската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да го преземe „големиот“ дел од одговорноста во решавањето на украинската криза.

 

„Германската канцеларка изрази убедување, дека по меѓународно признатите претседателски избори во Украина, времето треба да биде искористено за да се постигне стабилизација на ситуацијата, посебно на истокот од Украина. Русија треба во оваа област да ја преземе нејзината голема одговорност“ се подвлекува во соопштението од кабинетот на германската канцеларка, објавено по средбата со претседателите на Украина и Русија во Довил.

 

 

Рускиот претседател и германската канцеларка се сретнаа на маргините од комеморациите од десантот во Нормандија.

06.06.2014 - 15:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа