Босанецот Един Џеко осуден на 12 години затвор

Судот во БиХ го прогласи Един Џеко за виновен за воени злочини против воени заробеници и за воени злочини против цивили сторени во селото Трушина во1993 – та година и го осуди на казна затвор од 12 години.

Џеко е осуден за стрелањето на осум хрватски војници, кои биле заробени од армијата на БиХ.

 

Имено, во селото Трушина во 1993 – та година  при судири се заробени хрватски војници. Осум припадници на ХВО се построени и застрелани, а 16 цивили се убиени на разни локации. Преостанатите цивили, воглавно жени и деца биле заробени во приватни куќи, а потоа биле пуштени да си одат. Во овие настани убиени се вкупно 22 Хрвати.

06.06.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа