Александар и Барие веќе нема да дилаат дрога низ Скопје

Скопската полиција вчера лишела од слобода двајца скопски дилери.

Во затворот Идризово вчера била спроведена 41 годишната скопјанка Барие А., која треба да издржува казна затвор од 3 години и 6 месеци. Скопјанката е осудена на затворска казна поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстации  и  прекусори”.

Скопската полиција вчера го лишела од слобода и 30 годишниот Александар П., кој треба да одлежи 3 годишна затворска казна поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстации  и  прекусори”. Александар П. е спроведен во Идризово. 

06.06.2014 - 14:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа