Специјалци ја легнале на под за да ја претресат- Наташа Беквалац во шок

На вчерашната хуманитарна забава во Србија на која се собирале пари за загрозените од поплавите,  упаднале 100 маскирани специјалци кои го претресувале локалот, гостите и пејачите.

Во тој момент настапувала Наташа Беквалац и маскираните специјалци ја легнале на под за да ја претресат.

Настапот бил прекинат додека полицијата не завршила со претресот.

-Ситуација: хуманитарна вечер...рација...нинџи...луѓе нинџи...е*ем ти живот - вака Наташа на својот Инстаграм ја опиша несекојдневната ситуација која се случила во моментот додека се обидувала да им помогне на загрозените од поплавите.

Нема информации што точно барала полициајта и дали воопшто го нашла тоа за што дошле непоканети на забава.

06.06.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега