Куманово: Во „Лада Самара“ бутнал 2.900 пилиња за товење

Во атарот на селото Алгуња ноќеска во три часот во патничко возило „лада самара“ со кумановски таблички, биле пронајдени 2.900 пилиња за товење.

Пилињата биле сместени во 29 картонски кутии. „Ладата“ во која биле пилињата му припаѓа на 44 годишниот З.С., информираат денеска од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

06.06.2014 - 13:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега