Катастрофа: Експлодираше електрана во Косово - Има мртви и голем број повредени

ГОлема експлозија утрово околу 11 часот одекна во Термоелектраната „Косова А“, близу Приштина. Според приштински „Експрес“, во експлозијата која се случила во помошниот производен дел од термоелектраната, има мртви и повредени.

Според „Експрес“, 3 лица загинале, а 11 се повредени и се пренесени во клиничкиот центар во Приштина

Претседателот на бордот директори на Косовската електро-енергетска корпорација, Берат Рукичи, потврдил дека експлозијата се случила во еден од погоните и дека според досегашните информации, експлозијата била предизвикана од плин.

Директорот на фабриката КЕК, Арбен Џук, за „Експрес“ вели дека експлозијата била страотно силна.

- Се уште не знаеме колку лица се повредени и дали има мртви. Полицијата е тука и ја завршува својата работа, истакнал тој. 

Експлозијата, пишува „Експрес“, била толку јака што се слушнала во многу делови од Приштина.

 

06.06.2014 - 12:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега