ФОТО: Најдобрите нудистички плажи во светот

Сите сме различни, па така нема ни што да им замерувате на нудистите се додека својата голотија не ја покажуваат пред вас туку на плажите кои се создадени за нив. Нудистичките плажи во поголем број се подобро опремени и нудат поголема приватност и мир за умот на нивните клиенти, а ние ви ги носиме најдобрите на светот!

1. Spiaggia di Guvano – Corniglia, Италија

Оваа плажа е сокриена далеку од очите на јавноста и поради тоа не е премногу популарна. Ако ја посетите најверојатно ќе бидете единствениот на неа што и не е така лоша работа бодејќи плажата е преубава. Со среќа при пронаоѓањето и спуштањето низ не така прилазните карпи.

2. Red Beach - Crete, Грција

Ова е една од оние плажи на кои секоја година се натрупуваат по илјадници туристи во потрага по нудистички рај. На плажата има и кафуле кое нуди различни видови на освежителни пијалоци, а плажата е песочна и нуди различни спортски активности.

3. Valalta - Rovinj, Хрватска

Нудистичкиот камп Valalta се наоѓа во Исриа и е надалеку најпопуларната нудистичка плажа во овој дел од Медитеранот.

4. Bellevue Beach – Klampenborg, Данска

Оваа плажа може да се нарече и нудистичка Ибица. Местото нуди огромен број на клубови и добра забава, а забавите со набилдани момчиња и затегнати девојки од идеални пропорции мора да се многу забавни. Ако сте и вие такви тогаш...

5. Samurai Beach, Port Stephens, Aвстралија

Плажата е сместена веднаш покрај Националниот парк Томаре и обезбедува нудистичко засолниште во текот на целата година. Иако ова не е во потполност нудистички камп и ако сакате можете да оставите на себе некое парче облека, но веруваме дека е еден од подобрите и секако го заслужува местото на оваа листа.

6. Es Trenc – Мајорка, Шпанија

Дефинитивно најпознатата шпанска нудистичка плажа која покрај тоа што е позната по својаа природна убавина, ја бие глас и дека е место на скапи цигари и уште поскап паркинг. Не може се' да е совршено...

7. Plage de Tahiti – St. Tropez, Франција

St. Tropez е позната дестинација за многу од славните личности низ целиот свет, но позната е и по нудистичката плажа Plage de Tahiti на која можете да забележите гола некојаѕвезда како на пример Ева Грин.

Извор: Точка

06.06.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа