Две лица загинаа во страшна сообраќајка кај Охрид

Две лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случила ноќеска, 20 минути по полноќ на магистралниот патен правец Охрид - Кичево, кај селото Требеништа.

Според информациите на МИА од охридската полиција, во несреќата учествувал автомобил „Мерцедес“. СВР Охрид засега не го открива идентитетот на загинатите.

Веднаш по несреќата од страна на увидна екипа и истражен судија  извршен е увид на местото. Се работи на утврдување на причините за несреќата. 

06.06.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега