Бесими се сретна со новиот британски амбасадор

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска оствари средба со новиот британски амбасадор во Република Македонија,  Чарлс Гарет.

Посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат, Бесими разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, во таа насока и за можностите за продолжување и продлабочување на истата.

Вицепремиерот Бесими на средбата ја истакна важноста на поддршката на Обединетото Кралство за Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија.

 

-Меѓу другото, на средбата се разговараше и за пријателската соработка меѓу двете земји и во други области како што се  фондовите на Европската Унија, за кои експертската помош на Велика Британија е од голема важност за Република Македеонија, стои во соопштението од Кабинетот на Бесими. 

06.06.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега