Неколку факти околу предиграта кои ќе ве изненадат

Жени сакаат милување и бакнежи и гушкање и мили зборови, а машките веднаш би "преминале на главната работа" ? Хммм, но дали е навистина така?

 

Најновото истражување покажало дека предиграта им е поважна на машките и дека тие уживаат во неа повеќе отколку жените! 

Податоците покажуваат дека жените во речиси 50% случаите побрзо доживуваат оргазам отколку нивните партнери. Oколу 18% од машките пак, на предигра "трошат" дури половина час, додека една третина од испитаниците изјавиле дека би сакале предиграта да им трае и подолго од тоа!

Во истражувањето биле вклучени 2.000 луѓе, а резултатите покажале дека дефинитивно машките се тие кои сакаат предиграта да трае подолго и повеќе уживаат во истата. Ова е изненадувачки со оглед на тоа дека до сега се сметаше дека машките се тие кои веднаш би "преминале на главната работа".

Машките исто така би сакале сексуалниот однос да трае подолго, а идеалното време им е помеѓу 20 и 30 минути. За 16% од жените кои учествувале во истражувањето спроведено од страна на експертот за секс и врски, Трејси Кокс, изјавиле дека им се доволни само 10 до 15 минути секс.

Извор: Точка

06.06.2014 - 10:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега