"Секој ден му варев кафе на Тито" - еве што раскажува 94 годишна старица

"Беше многу добар кон сите. Тогаш владееше почитување и сите бевме задоволни". Вака 94-годишната старица Милка Јакшиќ од Босанска Крупа за српски Курир ја раскажала својата животна приказна за време на Втората светска војна кога го запознала Јосип Броз Тито. Таа секојдневно му варела кафе, а за него има само пофални зборови.

- "Беше многу добар кон сите. Секогаш кога ќе му сварев кафе велеше: Благодарам другарке Милка. Тогаш владееше големо почитување и сите бевме задоволни. Другарот Тито лично ми даде одликувања и споменици. Од 1941. година до 1945. година добив вкупно 11. Беше тешко, но повторно се би повторила", изјавува Јакшиќ.

Како што раскажува, Јованка ја запознала во Белград, каде што живеела краток период.

Денес старицата живее во дом за пензионери и се уште и се живи спомените за времето кога го запознала Тито.

05.06.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега