Од автомобил фрлил бомба кон полицијата - драма во Србија

Вистинска драма се одвивала во Крушевац, Србија. Маж фрлил бомба кон полицајци, од автомобил во движење.

Според неофицијалните информации на српскиот Ало, насилникот фрлил бомба кон тројца полицајци кои стоеле на улица,  при што двајца од нив се потешко повредени. Бомбата била фрлена од такси, а потоа насилникот се дал во бегство.

Полицајците биле веднаш хоспитализирани, а сега се пуштени на домашно лекување.

Најверојатно се работи за разбојник кој од поодамна и е познат на полицијата, и штотуку излегол од затвор.

 

05.06.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега