ФОТО: На 10 дена од стартот на СП, стадионот уште не е готов

 

На само недела и пол од Светскиот куп, стадионот од 65.000 седишта, Итакерао, во Сао Паоло не е завршен. Последната можност за тестирање на стадионот со публика беше во неделата, но само половина од седиштата имаа дозвола за употреба.

Само 37 илјади од над 65.000 седишта беа пополнети затоа што една цела секција на привремени трибини мора допрва да биде проверена и одобрена од пожарната служба. Ова доаѓа само две недели откако градежната компанија објави дека стаклениот покрив кој треба да ги штити фановите од дожд нема да биде завршена навреме (ќе се постави после првенството).

На 12 јуни арената вредна 400 милиони долари ќе биде домаќин на првиот натпревар, меѓу Бразил и Хрватска, и тоа ќе се случи без генерална проба.

ЛА Тајмс јавува дека делови од стадионот ќе бидат незавршени со видливи градежни материјали и непокриен бетон.

Еден работник изјавил за весникот:

- Стадионот е чудесен, но не е готов! И тоа е целосно неприфатливо. Требаше да се изгради со месеци порано.

Тројца работници умреа при работа на стадионот што дополнително ја одложуваше изградбата. Првичниот рок поставен од ФИФА беше 31 декември, 2013.

Фотографиите од синоќешниот натпревар покажуваат дека има уште доста работа за да финишира изградбата.

Празните трибини, кои допрва треба да се одобрат:

03.06.2014 - 17:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега