Предупредување: Смртоносно мозолче кое не смеете да го занемарите

Австралиските дерматолози открија агресивна форма на меланомот, кој личи на безопасна бубулица, која е фатална за стотици Австралијци годишно. Проверете и  дознајте како можете да го препознаете.

Нодуларен меланом е форма на рак на кожата, кој изгледа како темно црвена лузна па лекарите често го сметаат за помалку опасна форма на рак на кожата или дури и го третираат како бубулица. 

Клучната разлика е во тоа што нодуларниот меланом на допир е цврст, не е мек како лузна или младеж. Нодуларниот меланом  е многу агресивна форма на меланом, пациентот има шест пати поголема шанса за смрт отколку со други форми на меланом. Дијагнозата треба да се постави во рок од два месеци од појавата, вели професорот Џон Кели кој за тоа зборуваше на  годишната конференција на дерматолози во Мелбурн на австралискиот  Колеџ за дерматолозите.

Нодуларниот меланом расте во длабочина, што претставува 15% од примери за меланом, кој е причината за смрт за 43% од смртните случаи.

03.06.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега