Никола Тесла никогаш не се оженил - еве зошто

Генијалниот истражувач и пронаоѓач на полето на електортехниката и радиотехниката Никола Тесла во едно интервју изјавил дека жените кои му се допаѓале исчезнале, а ги замениле оние кои сметале дека во се треба да се изедначат со мажите.

„Нежната жена со благ глас која ја обожавав, практично исчезна. На нејзино место дојде жена која мисли дека нејзниот главен успех во животот е да се израмни со мажот“ изјавил генијалниот научник Никола Тесла.

Тесла додал: - Секогаш сметав дека жената ги поседува оние деликатни квалитети, ум и душа кои ја прават супериорна во однос на мажот. Ја ставав на пиедестал, фигуративно, и по некои важни својска сметав дека жената треба да стои повисоко од мажот. И како секој вистински обожавател се чувстував недостоен за предметот на тоа обожавање.

Според него, жените стануваат посилни од мажите и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии, но според мене, најголема од  сите е сегашната економска состојба во која жената се натпреварува со мажот.

03.06.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа