Земјотресите не се поврзани со поплавите

Земјотресите не се поврзани со поплавите. Хипоцентарот на земјотресот е на пример околу 20 километри во кората на земјата додека водата е на 200 метри. Можеби има некоја поврзаност, но за тоа да се докаже треба да се направи навистина детална и опширна студија. Ова за Вечер го изјавува проф. д-р Драгана Черник при Природно математичкиот факултет во Скопје.

-Земјотресот во саботата е од Грција поточно од северно анадолскиот расед. Тој расед се карактеризира со силни земјотреси со магнитуда од околу 7 степени по рихтеровата скала. Земјотресот во неделата беќе на 15 километри северозападно од Скопје во скопското епицентарско подрачје. Тој беше со силина од 3.5 степени според Рихтер. Скопското епицентрално подрачје секогаш имало земјотреси а тие имаат период на повторување. На пример земјотрес од 9 до 10 степени според Рихтерова скала може да се повтори после 500 години додека земјотрес од седум степени може да се повтори после 50 години, вели таа.

Черник за Вечер додава дека поплавите не се поврзани со земјотресите. Хипоцентарот на земјотресот е на пример на околу 20 километри во кората на земјата додека водата е на 200 метри. Можеби има некоја врска но за тоа да се докаже треба да се направи навистина детална и опширна студија.

27.05.2014 - 10:03
Фото: 
утрински
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега