Ја претицал сестра си па го однел цело семејство во смрт - детали за трагедијата во Србија

Уште еден хорор на улиците во Србија. Цело семејство загина откако братот со својот автомобил ја претицал својата сестра.

Според информациите од српскиот Курир, се работи за 32-годишниот Милан Лекиќ, 59-годишниот татко Милорад и 52-годишната мајка Дана Лекиќ. 

Според податоците, несреќата се случила завчера во23:30 часот на  патот  кон Краљјево, Србија, кога братот со својот автомобил сакајќи да  го  помине  автомобилот во кој била неговата сестра со детето удрил во комбе  кој се движело во  спротивниот правец. Очевидците велат дека глетката била ужасна. Од автомобилот не останало ништо. Пожарникарите едвај успеале да ги извадат смачканите тела.

 

27.05.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа