Од роденден тројца браќа заминале во смрт - трагедија во Србија

Уште една трагедија ја потресе Србија. Тројца браќа, 22-годишниот Милош, 18-годишниот Далибор и 16-годишниот Марко Милојевиќ од роденденска забава заминаа во смрт.

Според податоците од српскиот Курир, рано утринава тие загубиле контрола враќајќи се од роденденска забава на своја другарка која полнела 18 години. За жал, момчињата починале на лице место откако со својот „Голф 4" движејќи се со голема брзина удриле во столб. 

Според очевидците, возилото било пронајдено 27 метри подалеку од столбот во кој удрило, било целосно смачкано и крв имало на сите страни. Глетката била страотна.

Семејството на тројцата браќа е скршено од болка. Мајката и таткото се завиени во тага и болка откако ги изгубија трите сина во ист ден.

27.05.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа