Лекарите се борат за животот на 4-годишно детенце - паднало со татка си од 7 спрат

Трагедија вчера ја потресе Љубљана. Татко и ќерка на возраст од 4 години чиј идентитет е засега непознат, паднаа од седми спрат.

Според првичните неофицијални информации од очевидците и соседите, таткото најверојатно сакал да го спаси девојчето, но за жал и двајцата паднале и го загубиле животот. Од друга страна, други очевидци тврдат дека мажот намерно скокнал од прозорецот со својата ќеркичка.

И покрај обидите за реанимација, таткото им подлегнал на повредите, додека лекарите се борат за животот на ќеркичката.

На полицијата се уште не и се познати причините за трагедијата. Увидот е во тек.

 

24.05.2014 - 11:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега