Можност за нови вработувања - „ODW ELEKTRIK“ стартува со производството во Охрид

Компанијата „ODW ELEKTRIK“ што ќе гради свој производствен комплекс во Охрид планира со производниот процес да стартува  кон крајот на август или почетокот од  септември оваа година.

Германската компанија што произведува електрични инсталации за познатите автомобилски брендови „Мерцедес“, „Порше“, „БМВ“ и „Фолсваген“, планира процесот да го стартува во постоечки производствен објект во Охрид, а подоцна производството да го префрли во целосно нов објект што би се градел во слободната економска зона, лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

На самиот  почетокот во фирмата е предвидено да почнат да работат 30 лица. Првовработените е предвидено да  заминат на обука во фабриката на „ODW ELEKTRIK“ во Украина, и тие ќе бидат идните едукатори за наредните вработени лица, чиј број се планира да биде некаде околу илјада.

Градоначалникот на Охрид оствари работна средба со еден од сопствениците и дел од менаџерскиот тим на компанијата, на која било разговарано за финалните  подготовки  и за евентуалната помош  односно  олеснувањата што Општина Охрид ги предвидува за инвеститорот.

- Наша грижа ќе биде да обезбедиме транспорт на работно ангажираните лица  во вашата фирма. Навремено ќе биде изработена и планската документација  за проширување на објектот за што сте во план. Остануваме на ветеното дека ќе ја олесниме соработката со Средното стручно училиште ОЕМУЦ „СВ. Наум Охридски“ за извршување пракса и едуцирање кадар за потребите на вашата компанија. Стоиме и на  располагање за изведување на инфраструктурните  работи околу изградба  на објектот кој ќе го градите, истакна Бакрачески.

23.05.2014 - 10:55
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега