Влегол во преполно кафуле и почнал да пука - загина едно лице

Пред Покраинската влада во Нови Сад синоќа во престрелка загина едно лице. Според првите неофицијални информации убиен е 37- годишниот Војислав Шкрбиќ од Кача, додека пак неговиот пријател е тешко ранет.

 

Во престрелката што се одржа во барот веднаш до зградата на Покраинската влада наводно биле вклучени два напаѓачи кои со неколку истрели  го убиле Шкрбиќ. Барот бил преполн со гости во моментот кога се случило убиството.

 

 

Ова не е прв напад врз Шкрбиќ, тој во 2002 година беше тешко ранет но успеа да се опорави.

23.05.2014 - 09:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа