Паника во поплавените подрачја: Пронајдена бактерија која го напаѓа мозокот

Во тек на редовната анализа на водата за пиење во српското село Сивац, општина Кула пронајдена е опасна бактерија Pseudomonas aeruginosa која предизвикува воспаление на органите, најчесто белите дробови и мозокот, што предизвика вистинска паника во поплавените подрачја.

На локалното население строго му е забрането да конзумира вода од чешма, која во моментот не е за пиење,  ниту за готвење и капење. 

-Дозволена концентрација е до 10 милиграма по литар, а во некои примероци преминуваше над 30 милиграма, информират од кризниот штаб во општина Кула.

Инаку, оваа бактерија која е пронајдена во водата се смета за една од најопасните бактерии која предизвикува инфекции како гнојна инфекција, воспаление на кожа, очи, средно уво. Исто така, со внесување на заразна вода може да дојде до менингитис, воспаление на белите дробови, цревата или уринарниот тракт.

22.05.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега