„Се плашев само да не ми паднат бебињата од раце“- потресна приказна на една мајка од Обреновац

Што ќе биде сега со нас? Каде да одиме? Ништо повеќе не ни остана... ова се прашањата кои себе си си ги поставуваше Радмила Зелич која е мајка на две близначиња и таа е меѓу првите евакирани од Обреновац.

Таа сега е е на сигурно во  хотелот во Вождовац, но сепак во главата и се појавуваат слики од стравичните моменти, поплави, паника, детски плач.

- МОјот сопруг најпрво нас не одведе до соседите за да бидеме на сигурно, но тоа не вредеше, водата многу брзо надоаѓаше ме фати голем страв поради децата... не знаев како да ги спасам нив. Во петокот вечерта дојдоа по нас спасувачи со чамци. Се тресев додека ги давав децата на спасувачите... Ужасно се плашев да не ми испаднат од раце,, раскажувала Радмила

Исто така додала покрај тоа што и се враќаат страотните слики таа е среќна што семејството е повтроно заедно.

- Ја видов нашата куќа која беше целосно поплавена и гледав како водата ги носи сите работи од семејниот ресторан од кој и живеевме. Сега немаме ништо , но сепак најважно е што децата ми се живи и здрави, раскажуава низ солзи Радмила.

 

 

21.05.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега