Во Тетово за еден месец ќе почне со работа најголемиот трговски центар РЕМ

Реномирани продавници, забава, ресторани, игротеки, содржини за сите возрасти ќе бидат дел од трговскиот центар РЕМ што за еден месец ќе биде отворен во Тетово.

Трговскиот центар е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, лоциран на само 700 метри од центарот на Тетово, помеѓу двата главни булевари, кој вклучува и хотел и станбени единици, инвестиција на компанијата Ренова во вредност од 40 милиони евра.

Во РЕМ комплексот покрај трговскиот центар со површина од 19.000 метри квадратни има луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60.000 метри квадратни.

Во рамките на  трговскиот центар, свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Карфур, италијанскиот моден ланец Групо Фјори, Мега Фешн, играчница Аркадиа, Екстрим Интимо, Офис Плус, Пенти, Ламас и Џовани УСА, Мат Стар, Кимико, Топ Шоп, Анхоч, ПС Фешн, Голден Роуз, парфимерија Еликсир, слаткарница Амфора, донер Дајти, печива и пица Меридиан, бутик Емона, накит Сваровски Елементс, уреди за домаќинство Елипсо.

20.05.2014 - 16:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега