Ден на жалост утре во Босна и Херцеговина

Владата во БиХ денеска донесе одлука за прогасување на 20.мај за Ден на жалост поради природната катастрофа со која се соочува земјата.

Ден на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на БиХ на половина копје на зградите на државните институции.

На Ден на жалост не може да се одржуваат програми од културно-забавен карактер на јавни места, а медиумите треба да ги прилагодат и усогласат своите содржини.

Владата на Република Српска, исто така, го прогласи 20 мај за Ден на жалост поради трагично загинатите граѓани во катастрофалните поплави.

19.05.2014 - 18:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега