Позната српска пејачка во шок: Водата околу мене носеше и луѓе и куќи

Познатата српска пејачка Даниела Враниќ едвај спаси жива глава од полавите во нејзиниот роден град Ваљево. Таа во Ваљево дошла да ги посети своите родители. 

Поради водата и блокадите кои се поставени насекаде, војниците не и дозволиле на пејачката со својот автомобил да тргне за Белград за да не го загрози својот живот, пренесува српски Ало.рс.

- Ова е страшна глетка, каде и да се завртам има вода. Дојдов пред неколку дена да се одморам и еве што ме снајде. Среќа мојот татко кога ја градеше куќата направи добар одвод, па така ние не сме поплавени, но надвор од куќата не можеме да излеземе. Кај соседите ситуацијата е алармантна, па тука сме на помош. Жал ми е и за животните, па ги спасувам сите кучиња кои се во лоша состојба. Луѓето околу нас преку ноќ останаа без кров над глава, ги гледав како пливаа. Тоа се страшни глетки кои нема да можам лесно да ги заборавам, вели очајната Даниела.

 

19.05.2014 - 18:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега