Британската принцеза Мидлтон била прислушувана 155 пати пред да се омажи со Вилијам
Поранешниот уредник на сега згаснатиот британски неделник „Њуз оф д Ворлд“, Клајв Гудман на судењето во Лондон изјави дека Кејт Мидлтон била прислушувана 155 пати, пред да се омажи за принцот Вилијам.
Пораките од нејзиниот мобилен телефон, првпат биле ловени во декември 2005 година, во текот на бадниковата вечер и еден ден потоа.
Објаснувајќи зашто тоа било направено, Гудман, кој во тоа време беше уредник на рубриката која ги покрива состојбите и случувањата во кралското семејство, рече дека Мидлтон тогаш била интересна за весникот, затоа што веќе се поврзуваше со британската кралска куќа, преку младиот принц со кого таа се запозна за време на студиите на Универзитетот Сент Ендрјус.
Освен Мидлтон, во 2005 и следната година,т елефонот на Вилијам бил уловен 35, а на неговиот брат, принцот Хари деветпати.
Кејт Мидлтон која сега како сопруга на Вилијам носи благородничка титула војводка од Виндзор, последен пат била прислушувана во август 2006 година, само неколку денови пред да биде уапсен Гудман. Тој и неговиот соработник, приватниот детектив Глен Малкејар кој ги извршувал прислушувањата, беа уапсени и обвинети за повреда на приватноста на соработниците на принцот Вилијам. Пред крајот од таа година, беа осудени на четири години и шест месеци затвор.
Во јануари 2007 година, тогашниот главен уредник на „Њуз оф д Ворлд“, Енди Коулсон поднесе оставка негирајќи дека знаел за нелегалното работење на Гудман и Малкејар.
Коулсон кој е еден од осумтемина обвинети на судењето за заговор за прислушување, заедно со Ребека Брукс и со Гудман, и сега го отфрла обвинувањето. Тој тврди дека никогаш и никому не му дозволил да лови пораки од мобилни телефони за да прави ексклузивни информации, но Гудман на судењето рече дека во речиси секој напис имало „траги“ од она што го правел Глен Малкејар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа