Затвореник од штипскиот затвор вистински херој! - ги спасил повредените од страотната несреќа
Затвореник пуштен на домашно отсуство од штипскиот затвор бил прв кој пристигнал на местото на несреќата каде вчера се судрија автобус и воз при што повредени се 32 лица.
Според ексклузивните информации на Курир, се работи за 42-годишниот З.К. кој најпрво и помогнал на повредена жена која во моментов е во критична здравствена состојба, медицинска сестра, а потоа и пружил помош и на бремената повредена патничка.
Затвореникот откако им помогнал на двете жени, продолжил да им помага и на останатите повредени, се додека не дошла брзата помош и со своето возило однел двајца повредени во болница.
Како што дознава Курир, затвореникот бил меѓу најпримерните во затворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа