И ЕУ не ги признава резултатите

 

ЕУ нема да ги признае резултатите од т.н. референдуми за независност во бастионите на проруските сепаратисти Доњецк и Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика Маја Кочијанчич.

- Така наречените референдуми се незаконски и ние нема да ги признаеме резултатите, изјави портпаролот на Катрин Ештон.

- Оние, кои ги организираат референдумите, немаат демократска легитимност и организацијата на такви референдуми противречи на целите на заедничката декларација од Женева за намалување на тензиите, појасни портпаролката

11.05.2014 - 20:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега