Запознајте го победникот на Евровизија - која е всушност брадестата жена?
Брадестата жена Кончита Вурст е победникот на овогодинешниот Евросонг. Роден под името Том Нојвирт, со својата песна "Rise like a phoenix" ја освои цела Европа.
Том пред Евровизија собирал искуство во разни австриски емисии и музички натпревари. Прв пат се појавил на телевизија во шоуто “Старманиа” во 2006 година, каде го освоил второто место. Потоа бил член на бендот “Jetzt anders”, а по распадот неговата музичка кариера мирува. Кончита во 2011 учествува во натпреварот "Голема шанса", каде и за прв пат се појавува како Кончита.
Уметничкото презиме Вурст го бира бидејќи значи „Сеедно", со што сака да укаже дека е важен човекот, а не неговиот пол. Како што изјавувал неколку пати, од раѓањето бил соочен со дискриминација.
Неговото заминување на Евровизија било критикувано од Австрија, па затоа тој по победата препорача дека Никој не мже да го сопре!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа