Белата куќа ја критикува посетата на Путин на Крим

Белата куќа денеска ја критикуваше посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Крим, кој во март се припои кон Руската Федерација.

- Ние не го прифаќаме незаконското анектирање на Крим од Русија. Слична посета само ќе ги продлабочи тензиите, изјави Лаура Лукас Магнусон, портпаролка на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

Претходно, Путин беше во Севастопол по повод Денот на победата.

09.05.2014 - 17:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега