Идеалниот секс трае од 7 до 13 минути
Во ова идеално време не се смета предиграта, која по препораките на научниците никако не треба да се прескока. За сексот да биде успешен, се препорачува што подолга предигра.
Истражувањето го спроведоа членовите на здружението за сексуална терапија и во него учествувале психолози, физиолози, социјални работници и терапевти за брак. Вкупно 34 стручњаци се согласиле дека, започнувајќи од пенетрацијата до ејакулацијата, најпожелно е сексот да трае од 7 до 13 минути.
Наспроти научното истражување, многу испитаници сметаат дека сексот треба да им трае подолго од 30 минути.
„Важно е да се разбијат митовите за повеќечасовниот секс и мажите и жените да се охрабрат со веродостојни податоци за да се спречи појавата на незадоволство кај партнерите“, заклучија научниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа