Страшна сообраќајка пред Тетово - повредени над 10 лица

Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минити се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце на влезот во селото Слатино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации, при тоа десеттина повредени лица веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница каде им се укажала медицинска помош и се врши утврдување на видот и карактерот на повредите.

Во сообраќајката, за која причините се уште се непознати, учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Фолксваген Пасат“, како и комби возило „Фолксваген“, сите со тетовски регистарски таблички и трактор без регистарски таблички.

Полицијата во моментот врши увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на причините како дошло до неа

08.05.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа