Неверојатен хаос во СДСМ - Пендаровски го обвини Заев дека лаже

Вистински хаос владее во СДСМ, по денешното интервју на Црвенковски за Дојче Веле. Заев во паника во изјава за Плусинфо побрза да каже дека разговарал со Пендаровски и дека тој не сака да биде претседател на партијата. Поразениот кандидат на СДСМ за претседател на Македонија во изјава за Либертас вели дека е зачуден од изјавите на Заев бидејќи со него воопшто не разговарал. 

„Сакам јавно да изјавам дека во изминатите неколку дена, вклучително и денеска, не сум имал средба ни со Заев ни со Црвенковски, ниту пак некакви разговори за мој иден политички ангажман. Бидејќи не сум дел од партиските тела, органи и структури, сакам да останам дистанциран од сите случувања во СДСМ до Конгресот на 11 мај. Во таа насока, замолувам моето име да не биде инволвирано во внатрепартиски калкулации“ - изјавил Пендаровски за Либертас.

Пендаровски од Црвенковски беше посочен како најдобар кандидат за нов претседател на СДСМ. 

07.05.2014 - 21:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа