Начинот на кој Африканците ги прават бебињата!

Постои племе во Африка каде датумот на раѓањето на детето не започнува од денот кога тоа ќе дојде на свет, ниту од моментот кога ќе биде зачнато, туку од денот кога детето ќе биде во мислите на мајчиниот ум. И кога жената ќе одлучи да има дете, таа седнува под дрво сама и почнува да ја слуша песната на детето кое сака да дојде на свет. 
Кога ќе ја слушне, се враќа кај мажот кој ќе биде таткото на детето, за да ја научи и тој. Потоа кога водат љубов за физички да го зачнат детето, некое време ја пејат песната, како начин за да го повикаат. 
И кога ќе затрудни мајката ги учи бабиците, и другите стари жени во селото да ја научат песната на бебето, за да кога ќе се роди, заедно да ја пејат. Подоцна додека детето расте, и другите селани ја учат песната. 
И тоа со причина. Доколку детето падне, и си го повреди да речеме коленото, некој ќе го подигне, и ќе му ја испее песната. Или кога ќе направи нешто прекрасно, или кога ќе мине низ пубертет, луѓето во селото ја пејат неговата или нејзината песна. 
Ако во било кој момент во текот на неговиот живот, лицето направи некој злочин или неприкладен друштвен чин, го повикуваат во центарот на селото и сите луѓе заеднички ја пејат песната. Племето смета дека корекцијата на антидруштвеното однесување не е казна, туку љубов и потсетување на идентитетот. Кога ќе ја препознаат својата песна, немаат желба или потреба да направат нешто што би го повредиле некој друг. 
 
07.05.2014 - 19:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега