Дел од Центар утре без струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Алберт Ајнштајн“ и „Андон Дуков“ утре од 8.30 до 9.30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 8.30 до 15 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Ѓорѓи Скрижевски“ и Тасино Чешмиче.

Како што информира РЦУК – Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

07.05.2014 - 18:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега