Зошто мажите сакаат анален секс?

На емоционално ниво, мажот сака анален секс заради тоа што е многу интимен, а исто така е стандард кога се работи за порнографија.

Аналниот секс е на врвот на листата за многу мажи, но не за многу жени. А зошто мажите се толку фасцинирани од него откриваат некои експерти за секс.

1. Тоа е табу

Во текот на историјата аналниот секс бил забранет. Заради тој фактор на мажите им е особено привлечен, кажува наградуваниот автор на еротика Дерен Мајклс. На крај, тие имаат тенденција да го сакаат само тоа што неможат да го имаат, зарем не?

2. Обвинете ги порно филмовите

“Премногу луѓе сакаат тоа што го гледаат во порно филмовите, да го применат во нивните животи“, кажува Мајклс, а тоа најмногу се однесува на аналниот секс. Аналниот секс е стандард кога се работи за порнографија, преку тоа, многу мажи се запознале со него, иако претходно не размислувале за тоа дека сакаат да го испробаат.

3. Мислат дека сите го прават тоа

Заради тоа што аналниот секс стана задолжителен во порно филмовите, многу припадници на посилниот пол мислат дека пропуштаат нешто важно ако не го практикуваат, кажува советникот за секс Ијан Кернер, автор на книгата “Good in Bed”.

4. Ги возбудува кога имаат контрола

Мајклс кажува дека аналниот секс се сведува на една работа: моќ. Да има толкава контрола особено ги возбудува мажите кои обично не се доминантни во секојдневниот живот.

5. Тоа е новитет

Според сексуалниот експерт Емили Морц, мажите сакаат различни работи, заради тоа нешто ново и поинакво ќе им биде особено привлечно.

“Многу мажи аналниот секс го доживуваат како поклон од партнерката – нешто ретко и посебно“, кажува таа.

6. Постои многу мала или никаква шанса да затрудните

На практично ниво, мала е шансата да затрудните во текот на анален секс, кажува Кернер.

7. Интимно е

На емоционално ниво, мажот може да го сака аналниот секс заради тоа што е многу интимен, кажува Кернер. За разлика од вагиналниот секс, аналниот бара многу припрема, комбинација и предигра. Морц додава дека постои можност за постоење на љубов и доверба кај партнерката со оглед на тоа што е подготвена да му се даде целата себеси, што мажите дополнително ги возбудува.

8. Го сакаат женскиот задник

Едноставно кажано, многу мажи ги сакаат женските задници и сакаат да им бидат многу, многу блиску.

Значи, дали треба да пробате анален секс иако таа идеја не ви се допаѓа баш? Секако дека не. Немојте да правите ништо против своја волја.

07.05.2014 - 16:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега